Оливер Спасовски поднесе оставка

Оливер Спасовски утрово до партијата поднесе оставка. Тој ова го најави и претходната недела во емисијата Клик Плус на ТВ21.
„Сметам дека новиот претседател треба да си избере нов тим“, рече Спасовски.
Спасовски рече дека 28 години се вложил во партијата и најави дека после 1 јануари ќе каже дали ќе остане во владиниот тим.
Денеска СДСМ има закажано централен одбор на кој треба да биде избрано ново раководство на партијата.






