Омбудсманот за случајот со Леонид: Ќе се бара промена на законите за да се овозможи лекување

И народниот правобранител застана зад семејството Индови и побара промена на законските акти за на момчето му се овозможи лекување во странство.

Заменикот Јован Андоновски вели дека тој лично му помогнал на таткото на Леонид Индов, откако тој подолго време не можел да добие одговор од Клиниката дали може да го лекува својот син во државата.

Објаснува дека по доставена документација за здравствената состојба на Леонид, од страна на клиниката е добиено козилијарно мислење потпишано од повеќе доктори, кои тврдат дека лекувањето кое му е потребно на Леонид не може да се спроведе во Македонија и поради тоа мора да се упати во странство.

– Лично со таткото на Леонид, ги преведувавме во мојата канцеларија оригиналните документи од Германски јазик, а потоа таткото ги преведе и кај овластен судски преведувач. Во истите стои лекување, а не рехабилитација и во истите се наведува животозагрозувачка состојба. Доколку фалеле одредени докумени во апликацијата на семејството Индови, а сакале ФЗО да пристапат со добра намера и да му помогнат на семејството можеле да побараат дополнителни докази и информации и на тој начин да најдат како да се пристапи кон решавање на овој проблем.

Андоновски предлага во ситуации каде станува збор за човечки живот, да се предвиди можност државата да ги покрие трошоците. По проценката на првостепената лекарска комисија, таткото на Леонид поднесе жалба и сега се чека одлуката на второстепената комисија.

Во меѓувреме продолжува солидарноста меѓу граѓаните за собирање на 140.000 евра кои му се потребни на Леонид за да продолжи неговото лекување во Виена.

Во акцијата за помош се вклучија и скопските средношколците. Во дворот на гимназијата Георги Димитров организираа хуманитарен базар на кој стотици ученици продаваа и купуваа различни рачни изработки.

На базарот се продаваат рачно изработени предмети и услуги во зависност од како средно училиште посетуваат младите. Така оние од фризерско правеа фризури, од угостелското подготвија храна, а оние од средното иметничко прадаваа слики. Сите собрани бари ќе бидат пратени на сметката на Леонид.

Донации се собираат и преку социјалните мрежи и телефонски броеви.

Back to top button
Close