ОН: 800.000 луѓе во Газа немаат пристап до вода за пиење
– Обединетите нации денеска соопштија објавија дека околу 800.000 луѓе во Газа немаат пристап до чиста вода за пиење, бидејќи скоро 50 проценти од мрежата за водоснабдување е уништена во неодамнешниот вооружен судир меѓу Хамас и Израел.
Како што јави телевизијата Ал Арабија, Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи соопштила дека околу 17.000 станбени, јавни и деловни згради биле оштетени или уништени за време на единаесетдневниот конфликт.
Според Светската организација, од 10 мај, кога почна конфликтот, оштетени се 53 образовни институции, шест болници и 11 здравствени домови.
Училиштата во Газа се затворени, поради што околу 600.000 ученици не посетуваат настава.