ОН ја обвини сириската влада за намерно гранатирање болници и училишта

Сириските владини сили систематски нападнаа десетици болници, училишта и пазари во областа што е под контрола на бунтовниците, во околина на  северо-западниот град Идлиб, се вели во денешниот извештај на ООН.

Цивилните цели биле бомбардирани од воздух и од земја, се вели во извештајот објавен во име на Советот за човекови права на ООН, јави ДПА.

Владините сили користеле и кластерски муниција, се вели во извештајот, додавајќи дека ваквите напади без оглед на цивилите би значеле воени злосторства.

Авторите на извештајот, исто така, ја обвинуваат милитантната исламистичка милиција Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) за недискриминирачко гранатирање на владините области, за време на кои загинаа повеќе од 200 цивили.

Терористите исто така ги ограбувале областите и киднапирале, мачеле и убиле цивили, дела што исто така би биле воени злосторства. Извештајот опфаќа период од ноември 2019 година до почетокот на јуни 2020 година.

Back to top button
Close