ОН: Ал-Малки го обвини Израел за геноцид врз палестинските семејства
– Генералното собрание на Обединетите нации почна вонредна седница по повод конфликтот меѓу Израел и Палестинците, што трае веќе повеќе од десет дена.
Ова е прва сесија, со физичко присуство на амбасадорите во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот пред 14 месеци.
На пленарната седница палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал-Малки, го обвини Израел за „геноцид врз палестинските семејства“ и ја повика меѓународната заедница да го заштити палестинскиот народ се додека не им биде загарантирана слободата.
На вонредниот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации за конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, Ал Малки кажа дека секоја земја во светот има одговорност да надваладеат мирот, правдата и слободата.
Американските медиуми пренесуваат дека шефот на палестинската дипломатија притоа апелираше до Генералното собрание на ОН да се осигура дека Израел ќе одговара за убиствата на, како што кажа, невините Палестинци, и да не му се обезбеди оружје.
Ал-Малки оцени дека присуството на повеќе од 10 министри на седницата, речиси сите од арапските и исламските земји, испраќа јасна порака за потребата од запирање на насилството.
-Како може окупаторската моќ да има право да се брани кога целиот народ под окупација е лишен од истите тие права, праша министерот, одговарајќи на тврдењата на Израел да реагира во самоодбрана.
Министерот Ал-Малики додаде дека Палестинците ја известиле администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и четворката посредници за Блискиот исток – САД, ОН, ЕУ и Русија – дека по „окупацијата“ против палестинскиот народ, треба да следи политички процес што ќе доведе „до крај на израелската окупација на Палестина и нејзиниот главен град“.