ОН добија дозвола од Израел за влегување на уште 100 камиони со помош во Газа

Обединетите нации добија дозвола од Израел за влез на околу 100 дополнителни камиони со помош во Газа, објави портпаролот на хуманитарната канцеларија на ОН, Јенс Лерке.

„Побаравме и добивме одобрение за многу повеќе камиони отколку што беа одобрени вчера“, рече Лерке на прес-конференција во Женева, прецизирајќи дека станува збор за „околу 100“ камиони.

По 11 недели блокада од страна на Израел, девет камиони со помош влегоа вчера во Газа преку преминот Керем Шалом, но Лерке изјави дека само пет камиони всушност стигнале во Газа

Back to top button
Close