Јон Фрчкоски: Владата ѝ наложила на Лотарија, 4.8 милиони евра дивиденда да ги насочи кон прославата на 35-години независност
Јон Фрчкоски од СДСМ, на својот Фејсбук профил објави дека Владата ѝ укажала на Лотарија, дивидендата од 4.8 милиони евра да ја намени за прославата на 35-години независност во која беа вклучени настапите на Дејвид Гета, Хозе Карерас и плејада македонски пејачи и артисти во текот на 1 месец. Според него, Владата на седница на 28 април, му укажала на акционерското друштво во државна сопственост Лотарија на Македонија, дивидендата од 2024 година која не била искористена, во вредност од 4.8 милиони евра (300 милиони денари) да ја намени за прославата.

-Можела Владата да ѝ „укаже” на АД Државна Лотарија истиве 300 милиони денари на истиот начин да ги намени (или уплати во буџетот) за поддршка на земјоделците, за поддршка на граѓаните на Гостивар со вода за пиење, за зголемување на пензиите на дел од пензионерите, за зголемување на минималната плата (во еден дел), или за други неопходни работи… Ама тоа не го направила. Значи Владата на Мицкоски одлучила т.е „укажала” 5 милиони евра да завршат токму за прослава. Нема „елита” Мицкоски, граѓаните не се идиоти… Жив те фативме пак како лажеш, напиша тој на Фејсбук.






