ОН ги повика сите страни „на разумност“

Шефот за човекови права на Обединетите нации ги осуди нападите на Блискиот Исток и ги повика сите страни да се вратат на преговорите, велејќи дека нападите ќе резултираат само со „смрт, уништување и човечка мизерија“.

„Ги осудувам воените напади ширум Иран утрово од страна на Израел и САД, како и последователните одмазднички напади од страна на Иран“, изјави Фолкер Турк во соопштение.

„Како и секогаш, во секој вооружен конфликт, цивилите се тие што на крајот ја плаќаат највисоката цена“, нагласи тој.

Турк рече дека ракетите и бомбите не се „начин за решавање на разликите“, туку само ќе „резултираат со смрт, уништување и човечка мизерија“.

– За да се избегнат овие страшни последици за цивилите, повикувам на воздржаност и ги преколнувам сите страни на разумност, да деескалираат и да се вратат на преговарачката маса каде што активно бараа решение само неколку часа претходно – рече тој.

Back to top button
Close