ОН го тргна канабисот од листата на опасни дроги

Обединетите нации денеска го преквалификува канабисот за медицински цели од листата на „опасни дроги“ (како хероинот) на листата на „помалку опасни дроги“.

Ова го отвора патот за поголеми истражувања на медицинските својства на канабисот, како и неговата употреба во медицински цели.

Комисијата за наркотични дроги при ОН е со седиште во Виена и вклучува претставници на 53 земји. За носење на оваа одлука, Комисијата земала предвид серија од препораки од Светската здравствена организација.

Back to top button
Close