ОН: Израелската армија го „отсече“ северниот дел на Газа од остатокот од Газа

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации денеска соопшти дека израелската армија целосно го „отсекла“ северниот дел на Газа од остатокот од Појасот Газа, пишува Гардијан.

– Поради интензивните непријателства и наредбите за евакуација во северниот дел на Газа, семејствата се соочуваат со незамислив страв, губење на најблиските, конфузија и исцрпеност, се вели во соопштението на Адријан Цимерман, шеф на подделегацијата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа.

Како што изјави Цимерман за Гардијан, жителите на Газа, вклучително и болните и инвалидите кои не можат да заминат, мора да бидат заштитени со Меѓународното хуманитарно право.

Back to top button
Close