ОН: Најмалку 847 цивили убиени и 1.399 ранети во Украина до 18 март  

Реалниот биланс може да е значително поголем бидејќи ОХЦХР, кој има голем тим за набљудување во земјата, сè уште не може да ги потврди извештаите за жртвите од неколку тешко погодени градови, се додава во извештајот

Канцеларијата на ОН за човекови права (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 847 цивили биле убиени и 1.399 ранети во Украина до 18 март.

Повеќето од жртвите настрадале од експлозивно оружје, како што е гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи со повеќекратно лансирање, како и ракетни и воздушни напади, соопшти ОХЦХР.

Се смета дека реалниот биланс е значително поголем бидејќи ОХЦХР, кој има голем тим за набљудување во земјата, сè уште не може да ги потврди извештаите за жртвите од неколку тешко погодени градови, се додава во извештајот.

Инаку, според најноваиот извештај на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, повеќе од 6,5 милиони луѓе во Украина беа принудени да ги напуштат своите домови и да се преселат во други делови на земјата поради избувнувањето на војната досега.

Ако на ова се додадат 3,3 милиони кои веќе побегнале од Украина, земјата со 44 милиони жители, бројот на раселени е речиси четвртина од сите.

Уште 12 милиони не можат да ги напуштат подрачјата директно погодени поради безбедносни ризици. Уништените патишта и мостови или неможноста да се добијат информации каде ќе бидат безбедни се исто така фактор

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close