ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет
Комитетот на ОН за правата на лицата со попреченост –СЦДП (CRDP) денеска објави дека најмалку 21.000 деца во Појасот Газа страдаат од некаков вид инвалидитет како резултат на војната меѓу Израел и Хамас која тарее речиси две години.

Околу 45.500 деца претрпеле „повреди поврзани со војната“, додава комитетот на ОН составен од експерти кои се состануваат двапати годишно во Женева.
ЦРДП истакнува дека Израел мора да спроведе посебни мерки за заштита на хендикепираните деца од напади и да спроведе протоколи за евакуација, земајќи ги предвид лицата со хендикеп.
Инаку, според ЦРДП, израелските повици за евакуација во Газа „честопати не стигнуваат“ до луѓето кои страдаат од оштетување на слухот или видот, што „ја прави евакуацијата невозможна“.
Експертите посочуваат на друг проблем поврзан со евакуацијата, а тоа е дека „лицата со инвалидитет се принудени да бегаат во опасни и недостојни услови, како што е лазење по песок или кал без помагала за движење“.
Лицата кои страдаат од одреден степен на инвалидитет, истакнува ЦРДП, исто така, страдаат непропорционално од недостиг на храна, вода за пиење и санитарни услови и се зависни од други за да преживеат.
Одборот изјави дека бил информиран дека од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година до 21 август 2025 година, најмалку 157.114 лица биле повредени, од кои повеќе од 25 проценти се изложени на ризик од доживотен инвалидитет.