ОН: Првиот брод со жито би можел утре да ја напушти Украина

Првиот брод со жито би можел да ја напушти Украина утре, изјави на прес-конференција заменик генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања Мартин Грифитс.

– Тоа ќе се случи за неколку дена, се надеваме утре, рече тој.

– Се разбира, во тие пристаништа има бродови со жито, подготвени за заминување, и тие први ќе тргнат и потоа ќе започнеме со проверка и влез на бродовите, рече Грифитс.

Back to top button
Close