ОН: Рамноправноста може да се врати 25 години наназад

Пандемијата на коронавирусот може да ја уназади рамноправноста на половите за 25 години, покажуваат податоци на UN Women.

Имено, поради последиците од Ковид-19, жените вршат многу повеќе домашни работи.

– За една година можеме да загуби сè за што се боревме во последните 25 години, изјави заменик-извршната директорка на UN Women, Анита Батиа.

Таа предупреди дека жените можат да имаат полошо менталното и физичкото здравје поради пандемијата и оти можат да имаат помалку можности за вработување и образование.

Се проценува дека жените ширум светот, дури и пред пандемијата, вршеле околу три четвртини од 16 милијарди часа неплатена работа секој ден.

Тоа значи дека за секој час неплатена работа на мажи, жените одработиле три часа. Сега тој број на часови е уште поголем.

Back to top button
Close