ОН: Русија употреби систематско мачење на цивили за време на нападите врз Украина

Во новиот извештај, по истрагата на независната меѓународна комисија на ОН, се наведува дека голем број украински цивили биле приведени во областите кои биле под руска контрола или биле депортирани во Русија, каде што некои подоцна претрпеле тортура и сексуално насилство.

Претседателот на Комисијата Ерик Месе рече дека Русија не соопшти каде се наоѓаат Украинците кои се водат како исчезнати.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст во февруари соопшти дека 50.000 луѓе биле пријавени како исчезнати во војната меѓу Украина и Русија во текот на минатата година.

Руската мисија во Женева соопшти дека нема да коментира „политизирани и еднострани извештаи“. Русија претходно негираше тортура или други форми на мачење на воени затвореници.

Украина побара Советот за човекови права на ОН да го обнови мандатот на комисијата, за што ќе одлучи во април.

Back to top button
Close