ОН: Веројатни силувања за време на нападот на Хамас врз Израел

Тим од експерти на Обединетите нации во понеделникот објави дека има „разумни причини“ да се верува дека сексуално насилство, вклучително и силување и групно силување, се случило на неколку локации за време на нападот на Хамас врз Израел на 7-ми октомври минатата година.

Тим на ОН, предводен од специјалната пратеничка за сексуално насилство во конфликти, Прамила Патен, го посетил Израел за да собере, анализира и потврди информации за сексуално насилство во текот на споменатиот за време на нападот на палестинските радикални движења во јужен Израел минатата есен.

„Беа собрани веродостојни посредни информации кои би можеле да укажат на некои форми на сексуално насилство“, се вели во извештајот на ОН.

„Тимот експерти најде јасни и убедливи информации дека некои од заложниците биле изложени на различни форми на сексуално насилство и има разумна основа да се верува дека такво насилство може и да е во тек“, се вели во извештајот на ОН.

Експертите велат дека ќе биде потребна „целосна истрага“ за да се утврди степенот и спецификите на сексуалното насилство.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кон крајот на минатата година изјави дека сексуалното насилство извршено на 7-ми октомври „мора да биде темелно истражено и кривично гонето“.

Back to top button
Close