ОН: Во Судан поради поплавите загрозени десетици илјади луѓе

 Обилниот сезонски дожд уништи домови и инфраструктура низ целата држава Судан и погоди повеќе од 50.000 луѓе, соопштија денеска Обединетите нации.

Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарните работи во Судан соопшти доцна синоќа дека поплавите зафатиле 14 од 18 провинции на Судан во последните денови.

Државите Северен Дарфур, Бел Нил, Сенар и Касала се последни што пријавуваат невреме и поплави, се вели во извештајот.

Метеоролошката служба во Судан предупреди дека се очекуваат поројни дождови во текот на август и септември во повеќето делови на земјата.

Минатата година, во поплавите во 16 судански провинции во јули и август загинаа вкупно 78 лица.

Back to top button
Close