ОН: Воените дронови можат сами да изберат цел и да ја елиминираат без учество на луѓе

– Воените беспилотни летала можат сами да летаат до местото на конфликтот, да изберат цел и да ја елиминираат без учество на луѓе во целиот процес, наведуваат Обединетите нации.

Извештајот на Обединетите нации е направен по инцидентот што се случи во Либија во март минатата година.

Беспилотното летало „СТМ Карго-2“ беше користено за првпат во Либија, а тие авиони „пронајдоа и нападнаа“ припадници на силите лојални на генералот Калифа Хафтар, наведува ОН.

Вооружениот дрон „СТМ Карго-2“ е произведен од турската компанија СТМ и може да работи самостојно или да се управува од оператор. Производителот наведува дека овој авион може да „научи“ и „да процесира снимки на потенцијални цели во реално време“.

Сепак, во извештајот на ОН не е наведено дали има загинати во тој напад. Ако имало жртви меѓу војниците на Хафтар, тоа би бил прв случај во историјата, машина со вештачка интелигенција да убие човек.

„Ова оружје е програмирано да убива без контакт со операторот“, наведуваат Обединетите нации, без притоа да наведат дали беспилотното летало било управувано во моментот на нападот или самостојно ја извршувало задачата.

Back to top button
Close