ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон ова малцинство кај дел од корисниците на социјалните медиуми.
Обединетите Нации забележуваат зголемување на кривичните дела поврзани со омраза кон Ромите. Расистичките предрасуди и дискриминацијата се повторно зголемени во време на корона, соопшти во Женева специјалниот ополномоштеник на ОН за малцински прашања, Фернанд Де Варенес.

На втори август светот ќе се потсети на жртвите Синти и Роми во времето на националсоцијалистичкиот режим во Германија (1933-1945). Во времето на холокаустот, според проценките, биле убиени од 200.000 до 500.000 припадници на ова малцинство. Само во ноќта помеѓу 2 и 3 август 1944 година во гасните комори во логорот Аушвиц-Биркенау биле убиени речиси 3000 Роми.

Денот на сеќавање треба да се искористи за жртвите повторно повеќе да се најдат во фокусот на јавноста и за да се отфрли секаков вид на расизам, бара Варенес: „Дехуманизацијата и клеветењето на Ромите кои во минатото воделе кон вакви грозоморни дела, не смеат да продолжуваат во поинаков облик, како хушкање во социјалните медиуми“, изјави специјалниот ополномоштеник на ОН за малцински прашања. Де Варенес ги повика владите на сите земји да сторат се’ за Ромите да можат да живеат како рамноправни членови на општеството.

извор: ДВ 

Back to top button
Close