Џонсон би можел да се согласи да се вакцинира пред камери

Британскиот премиер Борис Џонсон би можел да се согласи да се вакцинира против Ковид-19 пред телевизски камери, за да докаже дека е ефикасна, изјави денеска портпаролката на Џонсон.

Таа додаде дека Џонсон сигурно не би сакал да ја прима вакцината пред оние на кои им е потребна и кои спаѓаат во ризични категории.

Џонсон претходно беше хоспитализиран откако се зарази со ковид-19.

Вакцинирањето во Велика Британија ќе биде на доброволна основа, а анкетите покажуваат дека 20 отсто од Британците се сомневаат во безбедноста на вакцината.

Back to top button
Close