Џонсон: Ќе направам се земјата да се врати во нормален живот

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека е свесен за проблемите со придржувањето кон мерките за физичко дистанцирање, ветувајќи дека ќе направи се земјата брзо да се врати во нормала, а притоа да не ризикува човечки животи.

Џонсон се осврна на загриженоста на некои компании, кои тврдат дека одржувањето растојание од два метра меѓу клиентите ги намалува нивните шанси да ја надминат кризата предизвикана од Ковид-19.

– Апсолутно ја разбирам загриженоста и ќе направам се што е во моја моќ колку е можно побрзо да му се вратиме на нормалниот живот, но мораме внимателно да продолжиме, истакна Џонсон.

Британија е една од земјите која е најлошо погодена од пандемијата, со речиси 300.000 заразени и над 40.000 починати од коронавирус.

Back to top button
Close