Џонсон: Насилството ги обесмисли антирасистичките протести

– Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека антирасистичките демонстрации се „обесмислени од престапите“, откако демонстрантите ја урнаа статуата на трговецот со робови Едвард Колстон во Бристол и испишаа графити на споменикот на Винстон Черчил во Лондон.

Тој додаде дека луѓето имаат право мирно да протестираат, но не и да ја напаѓаат полицијата.

– Демонстрациите се обесмислени од насилството што претставува предавство на тоа против што луѓето протестираа, посочи Џонсон.

Лондонската полиција соопшти дека десетина луѓе се уапсени, а осум полицајци се повредени по вчерашните судири на демонстрантите со полицијата во центарот на Лондон.

Back to top button
Close