Џонсон: Од четврток се укинуваат сите антипандемиски мерки во Англија

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска потврди дека во следните неколку дена во Англија ќе бидат укинати сите мерки поврзани со пандемијата на Ковид-19, јави Блумберг.

-Сите заразени граѓани од четврток веќе нема да имаат законска обврска да се самоизолираат, иако, сепак, ќе им се советува да останат дома, изјави денеска Џонсон.

Британскиот премиер додаде дека бесплатната услуга за тестирање на коронавирус ќе престане да биде достапна од 1 април.

Back to top button
Close