Џонсон: Путин ќе одговара за неговите ужасни злосторства

Британскиот премиер Борис Џонсон го осуди бомбашкиот напад врз детската болница и породилиштето во  „Малку работи се пострашни од таргетирањето на ранливите и оние без одбрана“, напиша Џонсон на Твитер.

Тој рече дека Британија истражува како да обезбеди поголема поддршка за Украина во одбраната од воздушните напади.

Градскиот совет на Мариупол соопшти дека детската болница била уништена во руското бомбардирање.

„Руските окупаторски сили фрлија неколку бомби врз детска болница. Уништувањето е огромно“, велат тие во видеото од пустошењетo

Back to top button
Close