Џонсон утре ќе соопшти за евентуално дополнително олеснување на рестриктивните мерки

 Британскиот премиер Борис Џонсон утре ќе соопшти дали угостителскиот сектор ќе гпочне повторно со работење на 4 јули, како и дали под, одредени услови, ќе биде ублажена мерката за одржување физичко растојание од два метра.

Британски владин комитет денеска ќе расправа за мерката за физичко растојание во Англија за да се разгледаат промените што би можеле да помогнат да се отворат повеќе бизниси во следната фаза од олабавување на мерките.

Портпаролот на Борис Џонсон изјави дека премиерот побарал ревизија

Се очекува Џонсон да објави дека мерката за одржување на растојание од два метра ќе биде намалена на еден метар, со некои олеснителни мерки, пренесува Би Би Си.

Се очекува Владата да предложи нов закон оваа недела, со кој „ќе им овозможи на бизнисите да се прилагодат на новите начини на работа и да им помогнат да профитираат во текот на летните месеци“.

Back to top button
Close