Џонсон вознемирен од насилствата во САД

– Насилството на кое сме сведоци на протестите во САД, а кое предизвика смрт на Афроамериканец во полициски притвор, е многу вознемирувачко, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

– Насилството што го гледаме е очигледно многу алармантно … на луѓето мора да им се дозволи мирно да протестираат, рече портпаролот на Џонсон.

Афроамериканецот Џорџ Флојд почина откако беше брутално приведен од четворица полицајци во Минеаполис, што предизвика протести низ САД, кои во голема мерка прераснаа во насилни.

Back to top button
Close