ООН: Албанија од 1990 до 2020 ја напуштиле1,2 милиони жители
Според Дивизијата за население при Организацијата на Обединитетите Нации Албанија е меѓу земјите каде има силна миграција. Во извештајот на ООН се наведува дека Албанија во периодот 1999 – 2020 година ја напуштиле 1,2 милиони жители.
Најголема миграција на населението во Албанија се случила во периодот на транзиција од 1990 – 1995 година кога се иселиле 443 илјади албански државијани, додека пак во периодот на немирите во Албанија 1997 година односно во периодот 1997 – 2020 година земјата ја напуштиле 180 илјади, пренесува тиранскиот весник „Дита“.
Проценките на Дивизијата за население при ООН во Њујорк е дека во 2100 година, во Албанија поради силната миграција на населението за која се вели дека ќе продолжи ќе има само 615 илјади жители.
К. М.