(Видео) Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам загинаа во трагедијата на скопската обиколница

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу загинатите во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница. Според неофицијалните информации, Ристе го управувал возилото. Адам пак е втора на ФИНКИ. Со нив биле уште две лица, од кои едното лице е 20-годишниот П.М. Идентитетот на второто лице се утврдува.

Screenshot

Според неофицијалните информации на „Скопје1“, истражните органи веќе утврдиле дека камионот удира директно во нив, без кочење, по возилото „БМВ“ се пали, а камионот излетува од патот.

Трагедијата се случи помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, кога товарно возило со косовски регистарски таблички ја пробило заштитната ограда, преминало во спротивната лента и директно се судрило со патничко возило „БМВ“.

По ударот избувнал силен пожар, а автомобилот целосно изгорел. Во несреќата загинаа четири лица.

Според официјалните информации од МВР, животот го загубиле возачот Р.В. (51), двајца 20-годишни сопатници и уште едно лице чиј идентитет првично не беше утврден. Подоцна беше потврдено дека меѓу жртвите се и оперскиот уметник Ристе Велков и неговиот син Адам.

Возачот на камионот, 76-годишен државјанин на Косово, е приведен, а истрагата за причините за несреќата е во тек. објави Скопје1.мк

 

 

Back to top button
Close