Опожарен автомобил во Бутел
Патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки ноќеска било опожарено на паркинг пред зграда на подрачјето на Бутел. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Како што информира МВР, случајот ноќеска околу 3:00 часот во СВР Скопје го пријавил сопственикот на возилото, А.И.(50) од Скопје. Тој пријавил дека возилото било опожарено во периодот од 23:00 часот на 28 март 2025 година до пријавувањето во полиција. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Полицијата, како што се наведува, презема мерки за расчистување на случајот.
Во МВР-билтенот се наведува дека вчера во СВР Скопје било пријавено дека во скопското село Арачиново настанал пожар во куќа сопственост на Р.А.(31) и С.А.(35) од Арачиново. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.