Опожарен автомобил во Гази Баба
Рано утринава, на 22 јуни околу 03.00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил опожарен автомобил од марката фолксваген голф со скопски регистарски ознаки.
Возилото било сопственост на 39-годишниот Н.И. од Скопје и било паркирано пред неговиот дом кога избувнал пожарот. За среќа, во настанот нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои настанал пожарот