Опожарена куќа на штипската улица „Радански пат”

Штипските пожарникари попладнево интервенираа на запалена куќа на улицата „Радански пат”. Тони Ѓеорѓиев командир на смена во ТППЕ-Штип за МИА вели дека за среќа нема повредени, сопственикот на куќата не бил дома, а повикот пристигнал од неговите соседи. Изгорена е кровната конструкција и од огнените јазици искршени се и прозорците.

– Штетата е поголема на куќата, на терен излеговме шестмина пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот го изгаснавме во 15.30 часот, а известени се и надлежните институции, вели Ѓеорѓиев.

На терен излегле и полициски службеници од крим техника, кои треба да утврдат кои се причините за пожарот. Инаку оваа куќа се наоѓа во населба, каде што куќите се една до друга, а е и во близина на познатата продавница „Палестина”.

Back to top button
Close