Опожарени два автомобили и мотоцикл на 32-годишен скопјанец во гаража од зграда во Хиподром

Скопската Бригада за противпожарна заштита (БППЗ) денеска рано наутро имала поголема интервенција во подземна гаража од станбена зграда во населбата Хиподром во Општина Хиподром, каде што во пожар биле зафатени два автомобили и еден мотоцикл.

Пожарот, како што ни изјави командирот на скопските пожарникари Звонко Томевски, бил пријавен околу 4:30 часот, а бил изгаснат по еден и пол час, односно околу 6 часот.

Случајот за „360 степени“ го потврдиле  и од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде што велат дека двата автомобили и мотоциклот зафатени од пожарот се во сопственост на 32-годишниот А.С.

„Денеска (14.07.2025) во 04:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Хиподром, скопско, настанал пожар во гаражен простор во склоп на зграда, во кој биле зафатени патничко возило ‘мерцедес’, патничко возило ‘бе-ем-ве’ и мотоцикл ‘беверли’, сите со скопски регистарски ознаки и сите сопственост на А.С. (32) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат“ се вели во информацијата од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека на една жена од станарите ѝ била дадена лекарска помош поради вдишување чад.

Засега нема информации за причините за пожарот, кои најверојатно дополнително ќе се утврдуваат

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close