Опожарени две возила во Скопје

Две патнички возила „форд“ и „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Б. од Скопје, биле опожарени на подрачје на Гази Баба.

Како што информира МВР, случајот бил пријавен денеска во 4.05 часот во СВР Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close