Опожарени две возила во сопственост на јавно претпријатие во Битола
28.06.2025 14:47
1,033 Читање помалку од 1м
Денеска (28.06.2025) во 00.50 часот во СВР Битола е пријавено дека во кругот на јавно претпријатие во Битола настанал пожар, при што опожарен бил трактор, а од пожарот било зафатено и комбе „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, двете сопственост на јавното претпријатие.
Нема повредени лица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола