Опожарени две возила во Волково

Утрово во 02.22 часот по полноќ во Полициска станица Ѓорче Петров било пријавено дека во с.Волково настанал пожар на патничко возило „смарт“, сопственост на Л.М.(33) и патничко возило „сеат толедо“, сопственост на М.Ѓ.(54) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, кои биле делумно опожарени, информираат од МВР.

Како што соопшти МВР, пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

Back to top button
Close