Опожарено возило во Скопје, сопственост на правно лице од Косово
Во Секторот за внатрешни работи – Скопје денеска во еден часот по полноќ било пријавено дека на улицата „Павле Илиќ“ во градот било опожарено патничко возило „фолксваген кеди“ со косовски национални ознаки, сопственост на правно лице од Косово.

Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираа дека повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од соседи.
Како што се додава во соопштението, извршен бил увид.






