Опожарувањето на мојот автомобил нема никаква политичка позадина – реакција откако ВМРО-ДПМНЕ го обвини Вице Заев

Фејсбук статус на Марјан Јанчески:

Драги пријатели,

Би сакал да ги демантирам информациите кои се појавија во одредени медиуми дека несрекниот случај со запалувањето на мојот автомобил има било каква политичка или друга позадина.

Се работи за несрекен случај и во вакви случаеви политичките партии треба да помагаат, а не да ги користат тугите несреки за политички препукувања.

А тие што се занимаваат со вакви работи за вакви случаеви…медиуми и политичари треба да се засрамат.

Благодарност до сите кои ми пружија поддршка во овие моменти.

– – – – – – – –

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ претходно го обвини Вице Заев за пожарот.

Back to top button
Close