Опозицијата победи на изборите во Јужна Кореја

Либералните опозициски партии во Јужна Кореја извојуваа убедлива победа на вчерашните парламентарни избори, нанесувајќи му удар на претседателот Јун Сук Јеол и неговата конзервативна партија, но сепак немаа двотретинско мнозинство во парламентот.

Според привремените резултати на Националната изборна комисија, Демократската партија добива 170 од вкупно 300 мандати во новото свикување на парламентот. Исто така, се очекува Либералната партија, која важи за сојузник на Демократската партија, да освои најмалку 10 мандати.

„Гласачите ме избраа мене, со што покажаа палци надолу за администрацијата на претседателот Јун Сук Јеол. Демократската партија ќе ја преземе одговорноста за животниот стандард на граѓаните и ќе создаде подобро општество“,рече лидерот на Демократската партија Ли Џе-мјунг.

Некои аналитичари го гледаа изборниот натпревар како референдум за претседателот Јун, чија популарност опадна по порастот на трошоците за живот и низата политички скандали. Во центарот на еден од нив била неговата сопруга која на подарок прифатила скапа чанта од „диор“.

 

Покрај споменатата афера, бројни опозициски кандидати во кампањата го истакнаа лошото менаџирање на економијата на претседателот. Првата дама Ким Кион Хи не е видена во јавноста од 15 декември и не го придружуваше претседателот за време на гласањето на избирачкото место.

Неговата Народна партија добива 100 мандати на изборите, што е доволно за да ги спречи победниците на изборите да формираат двотретинско мнозинство во парламентот со што ќе можат да го отфрлат ветото на претседателот на законите и да усвојат измени на Уставот

Back to top button
Close