Опозицијата со 3.000 амандмани ги блокира измените за онлајн вклучување на пратеници
-Ова не е начин кој што создава дополнителна доверба меѓу политичките субјекти, напротив, јас би рекол ја нарушува и така слабата доверба која што ја има помеѓу политичките партии во Собранието, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Функционирањето онлајн во Собранието нема ни технички ни демократски услови, тврди Скендер Реџепи.
Од владејачкото мнозинство сметаат дека решението што го предлага претседателот на Собранието, Талат Џафери е добро за континуирано функционирање на Собранието.