Опозициските пратеници ја напуштија свечената седница на косовското Собрание

Пратениците на трите најголеми опозициски партии во Собранието на Косово ја напуштија денешната свечена седница по повод Денот на незавианоста, во знак на протест поради зчоупотреба на собраниската говорница од страна на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Откако неколку пати му дофрлија да престане со пропагандата за наводните успеси на неговата Влада и со вообичаените обвинувања на претходните влади, пратениците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово излегоа од салата кога Курти почна да ги критикува медиумите.

Порачувајќи дека „нема демократија без слободни и независни медиуми“, Курти рече дека некои медиуми, во критиките насочени кон него и неговата Влада, „се служат со дезинформации кои доаѓаат од странски служби“.

Во Косово со низа свечености денеска се одбележува 14-годишнината од прогласувањето на независноста.

Back to top button
Close