Определен 30 дневен притвор за осомничените за нападот врз студентите на Правниот факултет во Белград
Основниот суд во Белград определи притвор за четири лица осомничени за нападот врз студентите на Правниот факултет во Белград, кој се случил во ноќта помеѓу 13-ти и 14-ти јануари. Осомничените беа сослушани од јавниот обвинител, при што еден од нив, Р. М. се бранел со молчење, додека останатите ги негираа обвинувањата.
Обвинителството предложи судот да одреди притвор за секој од осомничените во траење од 30 дена, нагласувајќи дека постојат околности кои укажуваат дека тие би можеле да ја попречат постапката, да влијаат на соучесниците и сведоците.
Обвинителството за време на истрагата ќе ги испита оштетените и сведоците, ќе собере релевантни податоци, ќе изврши увид во материјалните докази и ќе преземе други потребни дејствија за целосно утврдување на сите околности и факти поврзани со овој случај. По тоа, ќе биде донесена одлука за предметот