Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата

– Општина Аеродром оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што издвои 2.750.000 денари.

Целта на овој проект, како што соопшти денеска општината, е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. Родителите на сите првачиња запишани во едно од училиштата на територијата на општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош од денеска до 15 септември годинава.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2020/2021 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница www.aerodrom.gov.mk во менито за формулари или директно на линкот:http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Во прилог на барањето е потребно да се достават на увид следниве документи, во оригинал, а не копија: Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2020/2021 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром, оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид, важечка лична карта од еден родител/старател, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром на увид и трансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид, информира општината.

Барањата можат да се поднесат заклучно до 15 септември во Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19.

Back to top button
Close