Општина Аеродром објави јавен повик за реализација на Програмата за енергетска ефикасност

– Општина Аеродром објави јавен повик за реализација на Програмата за енергетска ефикасност со која се предвидува кофинансирање на реконструкција на делови од станбените згради преку неколку можности, кој ќе трае заклучно со 16 јуни 2021 година.

Целта, како што соопшти Општината, е да се постигне бараната енергетска ефикасност, како и да се обезбедат можности за енергетско здружување (енергетски задруги) на индивидуални станбени објекти (куќи).

– Спроведувањето на оваа програма се очекува да влијае врз состојбата на Општината на следниве начини: Обновени енергетски системи на станбените објекти во општината и Зголемена свест за потребата од енергетска заштита кај жителите и крајните потрошувачи, наведуваат од Општината.

Заедниците на станари што ќе се вклучат како учесници во акцискиот план, појаснуваат, потребно е да достават пополнет Образец, кој може да се подигне во општинската зграда или да се преземе од веб-страницата на Општината, најдоцна до денот на траење на Јавниот повик, заклучно со 16 јуни 2021 година. На заедниците на станови, додаваат, ќе им се надомести дел од трошоците во висина определена за секоја ставка поединечно изразена во образецот, но не повеќе од 600 илјади денари со вклучен данок на додадена вредност.

Критериуми што треба да ги исполнат барателите и условите за пријавување на Јавниот повик се објавени на веб-страницата на Општина Аеродром.

Back to top button
Close