Општина Битола со 155 милиони денари ќе субвенционира инвертер клима уреди

Општина Битола објави јавен повик за субвенционирање на домаќинствата во тој град за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.

Од тамошната локална самоуправа информираат дека пријавувањето за јавниот повик се врши електронски и ќе се одвива во периодот од 18 септември до 2 октомври.

– Целта на јавниот повик е домаќинствата во Општина Битола да ги заменат печките на тврди и фосилни горива коишто ги користат за затоплување на станбениот простор во којшто живеат, преку субвенција за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди. Максималниот износ на субвенцијата што може да го искористи еден барател, носител на домаќинство изнесува 55.800 денари и истиот може да се искористи за надоместување на трошоците за набавка и монтажа на еден или повеќе високоефикасни клима уреди, посочуваат од Општина Битола.

Предност при распределувањето на средствата ќе имаат барателите носителите на домаќинства кои живеат во централно градско подрачје, односно зоните број 1, 2, 3, 4 и 5, жители од улиците „Даме Груев“, Јени Маале 2, Боримечка, Североисточна зона, Ушици, Баир, Девеани, Станбена заедница 3, 4, 5, 6, 7 и 8, како и областа Маџар Маало, Горно Оризари и Стрелиште

Вкупните средства коишто се планирани за овој јавен повик изнесуваат 155 милиони денари.

Back to top button
Close