Општина Бутел ќе додели сертификати на 50 наставници

 Во дворот на ОУ „Живко Брајковски“  денеска градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ќе им додели сертификати на наставниците кои дадоа особен придонес во реализацијата на учењето од далечина, информираат од оваа скопска општина.

– Сертификати ќе добијат 50 наставници од сите седум основни училишта во Општина Бутел, од кои: 19 за подготовка и учество во телевизиските образовни емисии во рамките на ,,ТВ училница,, што одеа во живо на Македонската телевизија, и 31 наставник кои учествуваа во подготовката на Националната веб-платформа ЕДУИНО, соопштија од Општина Бутел.

Back to top button
Close