Општина Центар повика да се аплицира за „Итно копче“, брза и иновативна помош за повозрасни лица

Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата „Итно копче“, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба. Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да ја користи само еден член на семејството, соопштија денеска од локалната самоуправа.

Според градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, со примена на оваа иновативна услуга се обезбедува брза реакција за повозрасните или изнемоштените лица преку едноставно притискање копче што се наоѓа на уред во форма на алка.

– Станува збор за технологија што спасува животи и го подобрува квалитетот на живот на повозрасната популација, се наведува во пишаната изјава на градоначалникот.

Јавниот повик важи од денот на објава до исполнување на капацитетите, при што корисниците ќе се избираат по принципот „прв дојден, прв услужен

Back to top button
Close