Општина Гази Баба почна набавка на 250 таблети за ученици

Општина Гази Баба почна набавка на 250 таблети за децата кои немаат како да ја следат онлајн наставата, информираат од општината.

-Целта е да ги надминеме недостатоците кои се јавија лани кога имаше ученици кои не можеа да набават технички уред или во исто време настава требаше да следат две или повеќе деца од едно семејство, објаснуваат локалните власти.

Општина Гази Баба во консултација со директорите и наставниците има податоци за секое училиште и кому ќе му биде најпотребен овој уред.

-Секој ученик којшто ќе добие таблет ќе биде одговорен за него и во исправна состојба ќе треба да го врати на крајот од учебната година, со цел да послужат и да други ученици.На оваа акција, очекуваме да се приклучат и општествено одговорните компании како и секој граѓанин кој би можел да донира или да позајми технички уред за своите сограѓани. Со ова уште еднаш ја покажуваме нашата посветеност кон квалитетно образование, цел која не води речиси три години досега, велат од општина Гази Баба.

Оттаму истакнуваат дека сите 11 основни училишта веќе се подготвени за старт на учебната година.

-Благодарение на посветените директори, наставници, градоначалникот Борис Георгиевски и тимот од кабинетот на општината, Гази Баба е подготвена за одвивање на наставата во двата методи. Секое училиште веќе има подготвено своја платформа, протол за влез, излез, за одвивање на настава, протокол за дезинфекција како и за движење низ објектите. Еден месец макотрпното и заедничко дејствување на сите чинители, ќе биде од полза оваа учебна година да ја поминеме без никакви пропусти, заклучуваат од општината.

Back to top button
Close