Општина Карпош овозможува нега на изнемоштени и стари лица

– Во екот на пандемијата од Ковид-19, изнемоштените и стари лица кои живеат на територија на Општина Карпош, можат да добијат бесплатна нега и грижа.

Како што соопшти денеска општината, граѓаните можат да добијат некоја од следните услуги: подготовка на храна, пазарење, помош при одржување на основна хигиена во домот, помош при пресоблекување и бањање, и тоа пријавувајќи се на телфонскиот број 070 – 299 – 026.

Тимот на социјалното претпријатие „Нега Плус“ ја овозможува оваа поддршка преку Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

-Во изминатиот период, Општина Карпош воспостави соработка и со Црвениот крст, при што беше организирана достава на храна и лекови на лица кои се болни од Ковид – 19 или граѓани кои се во изолација, соопштија општинските власти.

Оттаму информираат дека основната цел на ваквите активности е да се пружи уште поголема социјална заштита на најранливите категории на граѓани.

Back to top button
Close