Општина Кичево апелира да се почитуваат препораките за заштита од корона вирусот

 По објавувањето на денешните резултати од Министерството за здравство каде во Кичево беа забележани шест нови случаи заразени со корона вирусот, Кризниот штаб во општина Кичево по одржаната седница со која претседаваше градоначалникот Фатмир Дехари, излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да се почитуваат препораките за заштита од Ковид-19.

Министерството за здравство денеска ги објави новите резултати на заболените лица со КОВИД-19. Во градот Кичево се утврдени шест нови случаи и со тоа бројот на заразени достигнува 16 лица, од кои 12 случаи се активни, додека три лица се оздравени. Состојбата на луѓето погодени од коронавирус е стабилна и без симптоматски компликации се вели во соопштението од Кризниот штаб на општина Кичево.

Според официјалните информации на Институтот за јавно здравје во Битола, кластерот на инфекцијата е познат и се преземаат сите мерки за да се изолира ширењето на вирусот.

Во однос на ситуацијата, апелираме до граѓаните на дополнителни мерки, почитувајќи ги упатствата за заштита од коронавирус, да ја одржуваат физичката дистанца, постојано да ги мијат рацете и да носат заштитни маски, се нагласува во соопштението на Кризниот штаб во Кичево.

Back to top button
Close