Општина Кичево ќе ангажира 45 невработени лица од социјално загрозени семејства

Општина Кичево објави оглас за ангажирање на 45 невработени лица од загрозени социjални семејства. Тие ќе бидат вклучени во реализација на јавни работи на територијата на Општина Кичево.

Огласот се однесува за ангажирање во јавни работи на избираните кандидати и ќе им се исплати паричен надоместок утврден со договор со кој ќе се уредат и правата и обврските на договорените страни и тоа:
Шест лица со скратено работно време и паричен надоместок во бруто износ од 7.600 денари и 39 лица со полно работно време и паричен надоместок во бруто износ од 11.800 денари. Ангажирањето во јавни работи ќе се реализира во период од 2 септември до 31 август 2021 година.

Кандидатите кои ќе конкурират треба да се жители на Општина Кичево (се докажува со увид на лична карта) и да се невработени (се докажува со потврда од Агенција за вработување). Огласот ќе трае пет дена од денот на објавувањето.

Back to top button
Close